Киевскиот градоначалник изјави дека само во утринските часови противвоздушните одбранбени сили успеале да соборат 10 беспилотни летала кои Русија ги набавува од Иран
Рано утрово во центарот на украинскиот главен град Киев се слушнале експлозии, објави градоначалникот Виталиј Кличко.
Според неговата изјава, експлозиите се слушнале во квартот Шевченковски каде веќе се испратени службите за итни случаи.
Репортерите на „Би-би-си“ исто така јавуваат дека утринава слушнале силни експлозии веднаш откако претходно се вклучиле сирените за предупредување за воздушен напад.
Во изјавата на Кличко која ја пренесуваат медиумите, тој вели дека само во утринските часови противвоздушните одбранбени сили успеале да соборат 10 беспилотни летала „Шахед“ кои Русија ги набавува од Иран.
Иранските власти претходно веќе признаа дека испратиле ограничен број дронови на Москва, но оти тоа било многу месеци пред да започне војната. Украина, пак, обвини дека Иран лаже и оти ирански беспилотни летата се користат многу повеќе во руските напади.