Претходно, минатиот месец бившата шефица на државата беше осудена на четири години затвор поради предизвикување немири против војската и кршење на правилата за борба против коронавирусот. Казната потоа ѝ беше намалена на две години
Судот во Мјанмар ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи на уште четири години затвор поради незаконски увоз и поседување воки-токи и кршење на ограничувањата за коронавирусот.
Претходно, минатиот месец бившата шефица на државата беше осудена на четири години затвор поради предизвикување немири против војската и кршење на правилата за борба против коронавирусот. Казната потоа ѝ беше намалена на две години. Против Су Чи (76) се поднесени десетина обвиненија откако армијата ја собори во февруари минатата година.
Нејзините поддржувачите велат дека обвинувањата против неа имаат за цел да ја спречат да се врати во политиката.