Од Европската комисија велат дека вакцините дејствуваат и дека колку што повеќе се вакцинирани толку помалку има смртни случаи
Европската комисија објави графикон заснован на податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) кој го покажува соодносот на вакцинирани и смртни случаи во земјите на Европската Унија. Податоците се однесуваат на 14-дневен период во ноември за вакцинирани полнолетни граѓани.
Од Комисијата велат дека математиката е едноставна – колку повеќе вакцинирани толку помалку смртни случаи.
„Податоците покажуваат дека колку што е поголема стапката на вакцинација толку е помала стапката на смртност“,
напиша Европската комисија во описот на графиконот објавен денеска на својот твитер-профил.
Data shows us that the higher the vaccination rate, the lower the death rate. #COVID19 #VaccinesWork pic.twitter.com/mORrrQOPsj
— European Commission ?? (@EU_Commission) November 23, 2021
Така, на врвот на вакцинацијата е Ирска. Таму се вакцинирани 93 проценти од возрасните. Во земјата има 15 смртни случаи на еден милион жители во период од 14 дена.
Следува Португалија каде што 92 отсто од возрасните се вакцинирани и има 10 смртни случаи од ковид-19 на милион жители.
Малта има ист процент вакцинирани и бележи 0 смртни случаи од корона на милион жители. За потсетување, се работи за период од 14 дена.
Следна на листата е Данска со 89 отсто вакцинирани и 10 смртни случаи на милион жители во период од 14 дена.
Мал исклучок меѓу земјите со најмногу вакцинирани е Белгија. Таму се вакцинирани 87 проценти од возрасните и има 29 смртни случаи на милион луѓе во наведениот период.
На дното на табелата е многу поголем процентот на смртни случаи
Полска има вакцинирано 62 отсто од возрасните и 49 смртни случаи во периодот од 14 дена.
Во Хрватска се вакцинирани 55 отсто од постарите од 18 години и има 168 смртни случаи од коронавирусот во истиот период.
Словачка, исто така, е на дното на табелата. Има 54 проценти вакцинирани, но се разликува по бројот на починати. Таму починале 29 лица на милион жители, со што има значително помалку починати од другите земји на дното на листата.
Најлоши се Романија и Бугарија. Вакцинирани се 43 отсто од возрасните Романци и починати се 267 лица на милион жители. Бугарите се убедливо најлоши со 29 отсто вакцинирани и 325 мртви.