Повеќе од илјада аџии загинаа за време на хаџот, кој се одржа за време на интензивна топлина, според бројките на АФП објавени во четвртокот. Најмногу смртни случаи се пријавени од Египет – 658
Египетските власти денеска наредија одземање на лиценците на 16 туристички агенции поради измама, откако тие незаконски испратиле аџии во Мека во Саудиска Арабија.
„Премиерот (Мустафа Мадбули) нареди да им се одземат лиценците на овие агенции, нивните менаџери да бидат испратени пред јавниот обвинител и да им се изречат казни во корист на семејствата на аџиите кои загинаа поради нив“,
се вели во соопштението за медиумите.
Повеќе од илјада аџии загинаа за време на хаџот, кој се одржа за време на интензивна топлина, според бројките на АФП објавени во четвртокот.
Повеќето од нив починале поради екстремни горештини бидејќи температурите надминале 51 Целзиусов степен.
Најмногу смртни случаи се пријавени од Египет – 658. Индонезија објави повеќе од 200 мртви, а Индија соопшти дека починале 98 аџии
Пакистан, Малезија, Јордан, Иран, Сенегал, Тунис, Судан и ирачкиот автономен Курдистански регион исто така потврдија смртни случаи.
Дозволите за Мека се доделуваат врз основа на квоти по земја. Но, секоја година десетици илјади аџии се обидуваат да го извршат аџилакот без да обезбедат официјални визи со цел да заштедат пари. Тоа се смета за опасен потфат, затоа што овие аџии не се запишани на официјалните списоци и не можат да пристапат до климатизираните објекти, обезбедени од саудиските власти, вдолж маршрутата на аџилакот.
Според дипломатски извори, бројот на загинати аџии е зголемен од бројот на нерегистрирани аџии.
Инаку, аџиите имаат посебно код на облекување, односно мажите носат дводелна облека и едниот дел ги покрива нозете, а другиот се префрла преку рамото. Жените носат бела облека и шамија. Ваквиот начин на облекување претставува чистота и еднаквост.