Багерист, во обид да го спаси неговото возило од огнената стихија, го загубил животот, објави хрватски „Јутарни лист“. Неговото тело било пронајдено во возилото, а потврда дека има човечки загуби пристигна и од сплитската полициска управа.
„На местото на настанот ќе се изврши увид за да се утврдат сите факти и околности под кои загинало лицето“,
велат од полицијата.
Пожарот на островот избувнал околу 13 часот и опфатил густа борова шума меѓу Врбањ и Дол, а според информациите, во моментот загрозени се неколку куќи во месноста Врбањ, па затоа ангажирани се два канадера за гаснење пожари од хрватското министерство за одбрана, а се известува дека на терен пристигнала и друга помош.
“Можеме да потврдиме дека помеѓу Дол и Врбањ гори густа борова шума, од пожарникарите дознавме дека голем број од куќите се спасени, но и дека не е потребна дополнителна помош од копно. Според проценките, пожарот се очекува да се стави под целосна контрола до вечерва“,
истакна командираот на пожарникарската служба, Антони Иванковиќ.
Во гаснењето на пожарот учестуваат 55 пожарникари со 15 возила од копно, како и три канадера и два ер-трактора.
„Ситуацијата на терен е поволна, пожарот активно се гаси и објектите не се загрозени“,
истакна жупанскиот командат на противпожарните сили, Иван Ковачевиќ.