Едно лице загина, а над 18 се повредени при судир на автобус и камион на новиот пат кон белградската населба Обреновац, јави РТС. Повредените се пренесени во Ургентниот центар. Меѓу нив има тројца тешко повредени, а двајца се во животна опасност.
Сообраќајната несреќа се случила денеска наутро во 7:50 часот, а во неа учествувале тешко моторно возило и автобус на јавниот градски превоз.
Итната помош на лице место им укажува лекарска помош на другите повредени лица. Припадници на полицијата се на терен, а сообраќајот се пренасочува кон стариот пат за Обреновац.