Полицијата соопшти дека неговиот брат Мајлс останува на слобода и се верува дека побарал засолниште во главниот град на провинцијата Реџина. Полицијата соопшти дека верува дека и тој е повреден
Во неделата наутро двајцата мажи нападнаа луѓе во домородната заедница во Саскачеван и во соседното село. Најмалку 19 лица се повредени пред осомничените да побегнат со украдено возило
Еден од осомничените за завчерашниот напад во Канада е пронајден мртов, соопшти полицијата, но предупреди дека неговиот соучесник и понатаму е во бегство.
Двајцата во неделата убија 10, а ранија најмалку 19 лица во провинцијата Саскачеван.
Телото на Демиен Сандерсон било пронајдено со видливи рани на тревата во близина на куќата која била претресена од полицијата, но се исклучува можноста од самоубиство, пишува Гардијан.
Полицијата соопшти дека неговиот брат Мајлс останува на слобода и се верува дека побарал засолниште во главниот град на провинцијата Реџина. Полицијата соопшти дека верува дека и тој е повреден.
Канада сè уште се справува со еден од најсмртоносните напади во својата историја, додека полицијата од неколку провинции ја засилува потрагата.
Во неделата наутро, двајцата мажи нападнаа луѓе во домородната заедница во Саскачеван и соседното село. Најмалку 19 лица се повредени пред осомничените да побегнат со украдено возило.
Премиерот Џастин Трудо ги опиша нападите како „ужасни и потресни“.
„Овој вид насилство, или каков било вид на насилство, нема место во нашата земја“,
изјави тој вчера попладне, ветувајќи поддршка од неговата влада и за потрагата по осомничените и жртвите на масовното убиство.
Повеќето од нападите се случија во нацијата Џејмс Смит Кри, домородна заедница од 3 400 луѓе и селото Велдон. Полицијата соопшти дека истражува 13 одделни локации како места на злосторство.
Кралската канадска коњичка полиција ги идентификуваше Демиен и Мајлс Сандерсон како двајца осомничени за убиствата. Тие рекоа дека браќата Сандерсон се формално обвинети за убиство од прв степен, обид за убиство и кражба.
Ронда Блекмор, командант на кралската канадска коњичка полиција, рече дека сè уште нема мотив, но се верува дека мажите се вооружени и опасни. Мајлс Сандерсон се бара од мај поради повреда на условна слобода.