Еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ денеска во Вишото јавно обвинителство во Заечар целосно го негирал извршувањето на делото

Еден од осомничените за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ во источна Србија денеска бил сослушан во Вишото јавно обвинителство во Заечар каде што целосно го негирал извршувањето на делото, пренесуваат српските медиуми.
По апсењето, осомничениот Ј.С се бранеше со молчење, односно го искористи законското право да не изнесе одбрана, додека другиот обвинет Д. Д. го призна убиството.
Двајцата се во притвор, додека таткото на ДД., кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето, неодамна е пуштен од притвор бидејќи за кривичното дело помагање на сторителот по извршувањето на делото притворот не може да трае подолго од два месеци.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поле кај Бор.
Истиот ден започна потрагата по неа, во која учествуваа голем број припадници на полицијата, планинската спасувачка служба и граѓани.
Инаку, и покрај интензивната потрага, телото на девојчето сè уште не е пронајдено.