Од МВР за „360 степени“ посочуваат дека станува збор за еден од групата кој на 4 јануари во полиција пријавил дека заедно со уште тројца други биле нападнати во просториите на М-НАВ. Тој, како што објаснуваат од МВР, не бил достапен за органите на прогонот за да даде исказ откога беше пријавен упадот во Македонската навигација. Со него бил извршен информативен разговор и е пуштен дома.
Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од државата бил лишен од слобода П. Б. од Скопје за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
Во полицискиот билтен на МВР се наведува дека околу 20 часот, при извршување на пасошка контрола било констатирано дека за 39-годишниот скопјанец има активна мерка „апси“. Тој , како што се наведува, бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
„Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка ‘апси’, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело ‘загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај’ по чл. 303 ст. 2 од Кривичниот законик“,
стои во полицискиот билтен.