Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), двојното убиство го извршил 40-годишен скопјанец кој со остар предмет ги нападнал својата 60-годишна мајка и 80-годишна баба. Од нанесените повреди, двете жени починале
Во стан на улица „Рузвелтова“ во скопски Карпош денеска се случило двојно убиство.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), двојното убиство го извршил 40-годишен скопјанец кој со остар предмет ги нападнал својата 60-годишна мајка и 80-годишна баба. Од нанесените повреди, двете жени починале.
„Денеска во 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје поради сомнение дека во 14:20 часот во стан на ул. ‘Рузвелтова’ со остар предмет ги нападнал своите мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале“,
се вели во соопштението од МВР.
Од Министерството додаваат дека по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.