Во денешната статистика ќе биде евидентиран и еден пациент кој починал пред три дена, а чиј матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје (ИЈЗ)
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години.
Дополнително, во денешната евиденција на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата „Филип Втори“, а бил позитивен на ковид-19. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.
Денеска се регистрирани и вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје – 22, Куманово – 4, Прилеп – 3, Струга – 3, Велес – 3, Битола – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1 117. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 389
Куманово – 310
Дебар – 51
Штип – 32
Прилеп – 103
Тетово – 48
Струга – 53
Велес – 43
Битола – 16
Охрид – 7
Кавадарци – 4
Гостивар – 12
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 26
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2
Во изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку ИЈЗ – 230, преку Ветеринарен факултет – 20, „Авицена“ – 22, „Биотек“ – 35 и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 130. Досега во земјата се направени вкупно 10 859 тестирања на ковид-19.
На Инфективната клиника во Скопје примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54. Осумнаесет пациенти се на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови пациенти, од нив 1 веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно 7 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 8 позитивни пациенти на ковид, од кои 3 лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се 2 лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од 7 пациенти, 2 хоспитализирани и 5 кои се лекуваат во домашни услови.
Во штипската болница се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.