Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, на малиот брод имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројцата мажи и двете жени моментално ги бараат глисери и дронови, јавува унгарскиот портал Кема
Две лица загинаа, а пет се водат за исчезнати во судир на бродови на Дунав во Унгарија, соопшти унгарската полиција.
Унгарската полиција доцна синоќа добила информација дека на брегот на Дунав, недалеку од градот Верока, на речиси 50 километри северно од главниот град Будимпешта, пронајден е маж со рана на главата, пренесува АП.
Полицијата утврдила дека на еден од бродовите имало маж, а подоцна биле пронајдени тела на жена и на уште еден маж.
Неколку часа откако полицијата ја почнала потрагата, во водата открила оштетен брод, кој го одвлекла до брегот. Продолжува потрагата по пет возрасни лица, за кои се верува дека биле на бродот.
Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, на малиот брод имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројцата мажи и двете жени моментално ги бараат глисери и дронови, јавува унгарскиот портал Кема.
Полицијата констатирала дека во моментот на несреќата на тој простор имало и брод за крстарење кој го запреле недалеку од градот Момаром, на повеќе од 80 километри спротиводно, со оштетен труп.
За потсетување, пред пет години 27 лица загинаа во Будимпешта кога речен брод за крстарење се судри со помал туристички брод, кој потона за неколку секунди.
На туристичкиот брод имало 35 лица, главно туристи од Јужна Кореја.