„Две лица се сериозно повредени. Тие биле веднаш третирани од страна на првите минувачи, а потоа биле згрижени од службите и пренесени во итната помош. Имаме и 20 други повредени лица“, изјави шефот на противпожарната служба

Најмалку две лица се убиени, а неколку се повредени откако возач со теренско возило се забил во толпа во центарот на Лајпциг, источна Германија, изјави градоначалникот на градот Буркхард Јунг.
„Сè уште не ја знаеме мотивацијата. Не знаеме ништо за сторителот“,
рече Јунг додавајќи дека властите го имаат под контрола местото на настанот во пешачката зона.
Јунг рече дека осомничениот, за кого властите потврдија дека е 33-годишен жител на областа Лајпциг, роден во Германија, е уапсен.
Службениците на службите за итни случаи изјавија дека околу дваесетина лица се повредени во инцидентот, кој се случил во 16:45 часот. Областа била полна со купувачи и посетители на кафулиња во топлото пролетно попладне.
„Две лица се сериозно повредени. Тие биле веднаш третирани од страна на првите минувачи, а потоа биле згрижени од службите и пренесени во Итна помош. Имаме и 20 други повредени лица“,
изјави шефот на противпожарната служба Аксел Шух.
На местото на настанот биле присутни околу 40 пожарникари и 40 болничари, како и два хеликоптери.
Се верува дека возачот со голема брзина свртел од плоштадот „Августус“ во сив „фолксваген таиго“ во трговскиот кварт на улицата „Гримајше“ и продолжил околу 500 метри кон плоштадот „Нашмаркт“.
Сведоци, како што пишува „Гардијан“, рекле дека автомобилот бил запрен од еден од подвижните столбови што ја заштитуваат областа.
Службениците сугерираа дека инцидентот веројатно бил намерен. Според Армин Шустер, министер за внатрешни работи на покраината Саксонија, каде што се наоѓа Лајпциг, не се исклучени проблемите со менталното здравје на осомничениот како можен фактор за нападот.
Властите соопштија дека канцеларијата на јавниот обвинител покренала постапка по две точки за обид за убиство и две точки за убиство.
Во Германија во последните години имаше серија инциденти со напади со автомобили.
