Против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок по документирање на случајот
Две лица се лишени од слобода поради обид за кражба во зградата во скопски Чаир во која вчера избувна пожар, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР не наведуваат повеќе детали за случајот.
„По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“,
информираат од Министерството.
Пожарот во зградата во Чаир, што гореше повеќе од триесет часа, е изгаснат утринава околу 9:30 часот.
Во огнените јазици беа зафатени подрумските простории на објектот, а станарите беа евакуирани преку покривот на зградата со посебни скали на противпожарно возило. Поради вдишување чад, лекарска помош побараа 40-ина лица, а дел од нив беа задржани на скопските клиники.