Одземените работи од автобус биле вратени на сопственикот, а од полицијата велат дека ќе поднесат и пријава против малолетниците
Двајца малолетници од Битола се осомничени за тешка кражба од автобус марка „мерцедес“ со битолски регистарски таблички, соопшти МВР.
Кражбата се случила пред два дена, а денеска малолетниците биле во полициска станица со родителите и го признале делото.
„Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола малолетниците во присуство на родителите и претставници од Центарот за социјални работи се повикани на разговор, при што во целост го признале кривичното дело“,
велат од МВР.
Одземените работи од автобусот биле вратени на сопственикот, а од полицијата велат дека ќе поднесат и пријава против малолетниците.