Во извлекувањето на двајцата повредени од комбето помагале и пожарникарите од Лесковац. Тие се надвор од животна опасност
Двајца Македонци се повредени во сообраќајна незгода која утрово околу 8 часот се случила на автопатот кај селото Велика Биљаница, Лесковац, објави порталот „Југ Медиа“, повикувајќи се на потврда од полицијата и од Општата болница во Лесковац.
Станува збор за македонски државјани од околината на Струмица, едниот роден во 1987 година, а другиот во 1982 г.
„Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот“,
изјавил заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ.
Според сведочењето на повредените, пишува „Југ Медиа“, тие возеле комбе од Белград кон Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.
Во извлекувањето на двајцата повредени од комбето помагале и пожарникарите од Лесковац.