Информацијата ја потврдиле руски официјални извори под чија контрола е нуклеарната централа. Потврда стигна и од Украинскиот државен нуклеарен оператор „Енергоатом“, од каде што соопштија дека во централа останале само двајца експерти на МААЕ.
Најголем дел од мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја напушти нуклеарната централа Запорожје во Украина, а во постројката останаа двајца експерти, кои ќе бидат таму постојано, јавуваат светските медиуми.
Информацијата ја потврдиле руски официјални извори под чија контрола е нуклеарната централа. Потврда стигна и од Украинскиот државен нуклеарен оператор „Енергоатом“, од каде што соопштија дека во централа останале само двајца експерти на МААЕ.

Мисијата на МААЕ пристигна во нуклеарната централа на 1 септември.
Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека мисијата добила клучни податоци. Тој планира да го претстави својот извештај за безбедноста на украинската централа, која е под руска контрола, на почетокот на неделава. Тој информира дека утре ќе поднесе извештај и пред Советот за безбедност на Обединетите нации.
Руските војници остануваат на територијата на Запорожје, а камиони со оружје и муниција се наоѓаат во машинските простории на Првата и Втората единица, информирал денеска на Телеграм украинскиот оператор за нуклеарна енергија „Енергоатом“.
Нуклеарната електрана се наоѓа на првата борбена линија помеѓу украинските и руските сили под чија контрола е нуклеарната централа, инаку најголема во Европа.
Украина ја повика меѓународната заедница брзо да преземе мерки за што поскоро демилитаризирање на централата, за повлекување на руската војска од нејзината територија и од блискиот град Енергодар, и враќање на нуклеарката целосно под украинска контрола во име на безбедноста на целиот свет, посочуваат од „Енергоатом“.
Според операторот, централата работи со ризик од прекршување на стандардите за заштита од радијација и пожари.