Жртвите се на возраст од 68 и 63 години
Двајца битолчани се пронајдени починати кај изворите за кисела вода што испуштаат отровен гас кај месноста Сребрена вода.
Иако првично имаше информација дека станува збор за жртви од пожар, потоа повеќе медиуми објавија дека всушност двајцата мажи починале од отровните гасови што ги испуштаат овие извори.
Жртвите се на возраст од 68 и 63 години.
На местото каде биле пронајдени телата на терен излегле јавен обвинител и медицинска екипа која ја констатирала смртта. По наредна на обвинителот, телата се дадени на обдукција.