Дека се пријавиле на конкурсот за ТВ Телма потврдија обвинителката Ленче Ристовска и судијката на Кривичниот суд, Оља Ристова
На конкурсот за избор на нов судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур се пријавил 21 кандидат, објави ТВ Телма.

Огласот е распишан од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), а пријави има од судии, обвинители, но и од познати адвокати.
Дека се пријавиле на конкурсот за ТВ Телма потврдија обвинителката Ленче Ристовска и судијката на Кривичниот суд, Оља Ристова.
Од МНР соопштија дека во наредниот период Меѓуресорската комисија што е формирана со одлука на Владата, ќе ги разгледа пристигнатите апликации и ќе изврши интервјуирање на кандидатите, по што ќе пристапи кон процес на нивно рангирање.
Потоа, ќе предложи тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Совеетот на Европа, согласно член 22 од Европската конвенција за ковекови права.
„Процесот на селеекција ќе се спроведе во согласнот со утврдените критериуми и процедури, со цел обезбедување на транспарентност и објеективност при изборот на најсоодвеетните кандидати за оваа значајна позиција“,
изјавија за ТВ Телма од МНР.
Мандатот за оваа функција трае девет години.
Од 2017 судија во Европскиот суд од Македонија е Јован Илиевски. Неговиот наследник треба да ја почне функцијата на почетокот на следната година.