Во нападот е повреден и 28-годишен маж кој сè уште е во тешка состојба во болница. Во нападот уште три лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот. Семејството на убиената положи цвеќе на местото на пукањето и остави плоча во форма на срце
Две лица се уапсени бидејќи полицијата ги поврзува со убиството на 26-годишната жена на Бадник во паб во Мерсисајд. 30-годишен маж е уапсен поради сомнение за убиство и обид за убиство, додека 19-годишна жена е уапсена поради сомнение за заговор за убиство. Тие во моментов се во полиција на распит.
Ел Едвардс почина откако беше застрелана во главата во пабот „Лајтхаус ин“, во селото Валасеј, непосредно пред полноќ на Бадник. Инспекторите не веруваат дека таа била цел на нападот. Детективката Сју Кумбс потврди дека се извршени две апсења во врска со пукањето, пишува Скај нуз.
„Семејството на Ел сè уште се помирува со трагичната загуба и нашите специјално обучени офицери за семејни врски ги поддржуваат. Нема да запреме додека одговорните не бидат изведени пред лицето на правдата и би го повикал секој што има информации да ни се јави“,
рече Кумбс.
Би ги повикала луѓето што биле во „Лајтхаус ин“ во моментот на инцидентот или сите кои имаат снимки од мобилни телефони или видеонадзор од она што се случило, итно да не контактираат бидејќи можеби имаат информации што се од витално значење за нашата истрага. Исто така, апелираме до возачите и жителите на областа, кои можеби снимиле нешто на камерата на контролната табла или видеонадзор, да контактираат со нас бидејќи секој доказ е од клучно значење за истрагата, додаде таа.
EXCLUSIVE: Yesterday we obtained this CCTV footage from the night of the shooting in Wallasey.
— Inzamam Rashid (@inzyrashid) December 27, 2022
You can clearly hear 12 loud gun shots which were fired at the entrance of the Lighthouse Inn.
At lest one killed innocent 26-year-old Elle Edwards. @SkyNews pic.twitter.com/Byvh0FanE9
Во нападот е повреден и 28-годишен маж кој сè уште е во тешка состојба во болница. Во нападот уште три лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот. Семејството на убиената положи цвеќе на местото на пукањето и остави плоча во форма на срце со порака: „Специјална ќерко, среќата што ја донесе на свој посебен начин, секој ден ќе ја паметиме со љубов“.
Пријателка на убиената Ел рекла дека луѓето на почетокот мислеле дека е огномет кога почнало пукањето.
„Но, автоматски сè престана и имавме чувство дека нешто не е во ред“,
истакна таа.
Таа тврди дека се почувствувала „замрзнато“ кога ја видела својата пријателка на подот, а луѓето се обидувале да ѝ помогнат, јавува Би-би-си.
Полицијата во Мерсисајд на Твитер објави дека го зголемила своето присуство во областа како директен одговор на пукањето.
„Добивме позитивни повратни информации од жителите во овие заедници за проактивно полициско работење во борбата против криминалот, а нашите службеници разговараа со жителите за загриженоста на заедницата“,
рече инспекторот Питер Рексвинкел.