Освен затворската казна од дваесет години, како што информира портпаролот на прилепскиот Основен суд, на обвинетиот џудо-тренер му е изречена и забрана за вршење на дејноста од 10 години. Случајот осамна во јавноста на почетокот на минатата година кога еден од родителите на обљубените девојчиња го пријавил тренерот во полиција
Единствена казна од 20 години затвор заработи 47-годишниот Рубин Пеески, тренер по џудо од Прилеп, кој е обвинет за обљуба на четири девојчиња ученички на кои им бил тренер.
Освен затворската казна, како што информира портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески, на обвинетиот џудо-тренер му е изречена и забрана за вршење на дејноста од 10 години.
„Осуден е за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата по член 198, став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, став 1, од Казнениот законик, како и за две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 од КЗ. Осуден е на единствена казна затвор од 20 години. Исто така, му е изречена забрана за вршење професија, дејност во траење од 10 години“,
изјави портпаролот на Основниот суд во Прилеп, Жарко Велески.
Според обвинението, џудо-тренерот Пеески во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, а со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години. Станува збор за четири девојчиња ученички на кои им бил тренер.
Случајот осамна во јавноста на почетокот на минатата година кога еден од родителите го пријавил тренерот во полиција.