„По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така повеќепати го удрил со шипката во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди“, се наведува во описот на случајот од Обвинителство

Дваесет години затвор доби 67-годишниот Љ.К. кој во мај годинава во скопското село Стајковци изврши двојно убиство, информираат денеска од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.
Пресудата е изречена откако ОЈО Скопје поднесе обвинение со кое го товареше лицето за две убиства од член 123, став 2, точка 1 од Кривичниот законик.
Двојното убиство се случи на 14 мај годинава кога Љ.К. ги лишил од живот братот и снаата од другиот брат со кои имале нарушени односи.
„По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди“,
се наведува во описот на случајот од Обвинителство.
На денот кога беше убиството, од Министерството за внатрешни работи (МВР) рекоа дека со убодни рани го пронашле и 67-годишниот Љ.К.