Земјотресите, според пишувањата од граѓаните на социјалните мрежи, биле почувствувани и во северниот дел на Македонија, во околината на Тетово, Гостивар и во Скопје
Два земјотреси, едниот со јачина од 4, а другиот од 3,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани ноќеска во Призрен, Косово, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Првиот од земјотресите, со јачина од 4 степени, се случил по локално време во 1:46 часот на 16 километри од Призрен и на 74 километри западно од Скопје. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Вториот земјотрес, што бил со јачина од 3,2 степени, е регистриран во 3:59 часот на 19 километри од Призрен и на 7 километри од Драгаш. Овој земјотрес, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 11 километри.
Земјотресите, според пишувањата на граѓаните на социјалните мрежи, биле почувствувани и во северниот дел на Македонија, во околината на Тетово, Гостивар и во Скопје.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 39 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) December 12, 2024
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/Xtw77cWncp