Како што информира Центарот за управување (ЦУК), пожарот е поделен во два крака кои се движат кон густа и уредена шума на велешка територија од едната страна и селото Црнилиште, Прилепско, на другата страна
Два авиони „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа да дејствуваат на пожарот во Општина Долнени, кај селата Слепче и Гостиржани. Противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни. Во тек се активности за нивното контролирање, локализирање и догаснување.
Активните се три пожари во општина Битола. Тие се кај селата Црничани и Лознани, каде што гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде што гори ниска вегетација. И во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација.
Претходно, од ЦУК известија дека противпожарните тимови, во соработка со локалното население во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари кои биле регистрирани во целата држава. Во општината Гази Баба се изгаснати три пожари, кај селото Раштак каде горела ниска вегетација и шума, и во кругот на фабриката „Железара“ како и во селото Брњарци. Во скопска Кисела Вода горела ниска вегетација и шума во месноста „Три круши“, а во Сарај во близина на селото Кондово горела ниска вегетација. Ниска вегетација горела и во Радишани, а во селото Нерези во скопски Карпош горела депонија.
Од пожарите по четири се во околината на Кичево и во околината на Куманово. Три се во околината на Струга, два во општина Крушево, по еден во Прилеп, Струмица, Македонски Брод, Штип, Кочани, Пробиштип, Брвеница (село Милетино), Гостивар…
Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.