Засега не постои опасност од пожарот да бидат зафатени блиските села
Два армиски хеликоптери од утрово го гаснат пожарот на планината Јабланица, кој веќе трет ден гори во близина на струшките села Радолишта и Фиреште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Армиските хеликоптери се вклучија во гаснењето на пожарот порафи непристапноста на теренот и неможноста тој да се локализира по копнен пат.
„Теренот е непристапен, два дена го гасиме од копно со екипите на ‘Македонски шуми’. Затоа побаравме од ЦУК помош за гаснење од воздух“,
велат од Територијалната противпожарна единица во Струга.
Засега не постои опасност од пожарот да бидат зафатени блиските села.
Во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица.
Од Општината Струга апелираат до граѓаните да покажат внимателност и целосна одговорност, нагласувајќи дека палењето оган во планина, на ниви или на отворен простор е строго забрането.
