„Сега, наместо овие средства да се искористат за реализација на овој стратешки проект, Влен ги пренасочува кон друг проект во центарот на Скопје. Ова е јасен показател на нивната неспособност да реализираат стратешки проекти, но и за нивното лицемерие во однод на поврзувањето Скопје – Блаце“, се вели во партиската реакција
Влен ги пренасочува средствата за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ познат како Качанички пат. Автопатот Скопје – Блаце без овој булевар претставува непотполна врска што треба директно да го поврзе со Скопје, се вели во денешната реакција од опозициската Демократста унија за интеграција (ДУИ).

Оттаму посочуваат дека со одлуката за пренaсочување на средствата покажува дека Влен нема ниту визија, ниту капацитет да го разбере стратешкото значење на овој проект.
Од партијата неведуваат како течела постапката за издвојување на средства за изградба на булеварот кој требало да се поврзе со автопатот Скопје – Блаце.
„На 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои осум милиони евра за изгградба на булеварот ‘Хасан Приштина‘, во правец кон Косово до скопската обиколница, каде требаше да се поврзе со обиколницата и со автопатот Скопје – Блаце. ДУИ обезбеди два милиони евра за изградба на кружниот тек кај семафорите на булеварот ‘Словенечка‘, како и шест милиони евра за реализација на булеварот ‘Хасан Приштина‘, средства што беа префрлени на Град Скопје“,
велат од партијата.
Со тоа, бил планирана целосна инфраструктурна поврзаност, бидејќи, како што велат автопатот Скопје – Блаце нема целосно значење без модерен, функционален и достоинствен влез во Скопје од правецот на Косово.
Единствениот влез во Скопје што нема форма на булевар, како што додаваат е токму влезот од Косово.
Според ДУИ, Град Скопје го проектирало булеварот, а се разговарало и со стопанственици од подрачјето на Визбегово. Во таа насока, сметаат дека Влен требало само да го продолжи и реализира виталниот проект што тие го подготвиле и финансирале.
„Сега, наместо овие средства да се искористат за реализација на овој стратешки проект, Влен ги пренасочува кон друг проект во центарот на Скопје. Ова е јасен показател на нивната неспособност да реализираат стратешки проекти, но и за нивното лицемерие во однод на поврзувањето Скопје – Блаце“,
пишува во партиксата реакција.
Истото, како што велат се потврдува и со почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, кој бил подготвен од нивна страна, а како што додаваат, Влен го одложил за две и пол години и го поскапел за над 30 милиони евра.
„Не може да се зборува за автопатот Скопје – Блаце, а истовремено да се отстрануваат средствата за патот што треба директно да го поврзе со Скопје. Автопатот без булеварот ‘Хасан Приштина‘ е непотполна врска“,
се вели во соопштението.
Партијата, како што додаваат, ја проектирало целата врска од границата со Косово со Скопје, за разлика од Влен која дури и готовите проекти што ги наследува, успева да ги одложи, поскапи и оштети.
