„Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги губат животите поради лошото управување и недостигот на лекови и основни услуги. Дали ова е стандардот што министерот за ‘бизнис‘ во здравството го постави за јавните здравствени услуги“, се вели во партиското соопштение
Директорот на Клиничката болница во Тетово склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, што е јасен доказ за невидена морална деградација, се вели во соопштението од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Оттаму посочија дека здравството треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови поврзани со неспособни и корумпирани раководители.
„Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги губат животите поради лошото управување и недостигот на лекови и основни услуги. Дали ова е стандардот што министерот за ‘бизнис‘ во здравството го постави за јавните здравствени услуги“,
се вели во соопштението од ДУИ.
Од ДУИ апелираат до правосудните органи и сите релевантни фактори да интервенираат и да се стави крај на оваа морална и институционална катастрофа.
„Наместо да обезбедат основни лекови и услови за лекување, овие лица одбрале да ја злоупотребуваат болката и страдањето на пациентите за да ги наполнат своите и џебовите на своите блиски. Одговорните за оваа деградација мора да сносат законска и морална одговорност за ненадоместлива штета што им ја нанесуваат на пациентите и граѓаните на оваа земја“,
велат од ДУИ.
Од партијата посочија и дека граѓаните на Тетово и целата земја заслужуваат здравствен систем што ќе им служи со достоинство, а не систем што е извор на збогатување за неколку неодговорни поединци.