Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат сметаат дека за изворот на салмонела во училиштата известување треба да даде и Агенцијата за храна и ветеринарство

Кујните во шесте основни училишта во Општина Карпош, кои минатата недела беа затворени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ), од денеска ќе бидат отворени откако се пристигнати негативни резултати по појавата на салмонела кај ученици од овие училишта.
Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ, вели дека во текот на вчерашниот ден биле добиени резултатите од Институтот за јавно здравје Скопје и од Центарот за јавно здравје Скопје, откако мострите храна и брисовите од работни површини биле земени двојно и однесени во лабораториите на двете здравствени установи.
Младеновска смета дека за изворот на салмонела известување треба да даде и Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Сметам дека Агенцијата за храна и ветеринарство исто така има голема улога во оваа состојба што се случи, за жал, заразна болест салмонела и тоа кај најранливата категорија на деца. Сметам дека тие во своите надлежности што ги имаат, ќе треба да дадат свое известување, за соодветно да се информира јавноста“,
вели Младеновска.
Откако беа пријавени 12 случаи на ученици заразени со салмонела, Државниот здравствен здравствен и санитарен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, Центар за јавно здравје и Институт за јавно здравје Скопје. За време на надзорот, беа земени мостри храна за анализа и беа земени брисеви од работни површини и брисеви од жива и нежива средина.
Забраната за работа на училишните кујни имаше во основните училишта „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи Димов“, „Братство“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, како и магацинот од каде што се врши дистрибуција на храна,