Како што соопштија од МО, оставката на Николиќ е од лични и здравствени причини
Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата. Како што соопштија од МО, оставката на Николиќ е од лични и здравствени причини.
Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од 5 години, поточно од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.
„Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамките на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување“,
се вели во соопштението.
Од МО му се заблагодаруваат на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.