Во изминатите 24 часа со Србија се регистрирани 227 новозаразени од коронавирус. На респиратор се 32 лица а две починале. Бројот на активни случаи е 1 187.
Само во Крагуевац, во кој веќе е прогласена вонредна состојба се регистрирани 53 заболени. најголем дел од нив се на возраст од 17 до 35 години. Градоначалникот Радомир Николиќ на денешната прес-конференција лут за несовесното однесување на граѓаните, оцени дека очигледно не помагаат препораките.
„Брзината со која се шири вирусот во Крагуевац зборува за тоа дека не веќе не може да да се очекува од народот да ги почитува препорачаните мерки. На нашиот народот му треба наредба, треба да заигра стапот. Само кога ќе казнуваме, тој ќе се придржува до препораките“,
вели Николиќ.
Епидемијата не мирува ниту во Романија. Таму во последните 24 часа има 325 заболени од ковид-19. Починале 10 лица. Вкупниот број заболени во Романија изнесува 26 022 лица.
Во Косово се регистрани нови 62 нови случаи. Од вирусот починале две лица.