Голем број од пациентите во болниците починаа, чекајќи кислород, а над 99 отсто од сите кревети за интензивна нега се полни
Домашните и странските медиуми објавуваат фотографии на по двајца пациенти во еден болнички кревет, и луѓе кои лежат во автомобилите
Шест болници во индискиот главен град Делхи останаа целосно без кислород, а лекарите велат дека состојбата и во другите болници не е подобра, бидејќи им остануваат залихи само за неколку часа.
Ситуацијата во Индија веќе неколу недели е драматична, со нагло зголемување на бројот на заразени и починати а капацитетите на болниците се целосно исполнети.
Голем број од пациентите во болниците починаа, чекајќи кислород, а над 99 отсто од сите кревети за интензивна нега се полни.
Домашните и странските медиуми објавуваат драматични фотографии на по двајца пациенти во еден болнички кревет, и луѓе кои лежат во автомобилите.
Индија се соочува со исклучително силен втор бран на епидемија, а денеска таму е регистриран највисокиот еднодневен биланс на нови случаи во светот – во изминатите 24 часа имало 314 835 нови заразени и 2 104 починати.
Локалните медиуми објавија дека државните власти не дозволуваат цистерни со кислород да одат во други држави, а некои болници се вели дека дури ги кријат нивните залихи со боци со кислород.
Дека состојбата е драматична, потврди и индискиот политичар, Саурабх Барадвај, кој се лекува од ковид во болницата во Делхи, кој на Твитер објави молба за помош, велејќи дека онаму каде што е сместен има кислород самоза уште три часа.
„Животот на многу луѓе зависи од кислород, и без кислород, овие луѓе ќе умрат исто како што рибите умираат без вода. Ова е време сите да се сплотиме“,
порача тој на Твитер.
Лекар во државна болница на југот на Индија, за Би-би-си вели дека ваквата состојба предизвикува тензии, при што пациентите ги обвинуваат лекарите за сè, па дури и управата на болницата, исто така, ги обвинува лекарите.
„Тоа е стресна атмосфера за работа“,
велат лекарите.
Агенцијата Ројтерс објави дека семејствата, исто така, со часови чекаат за да ги извршат погребните обреди, а еден крематориум во Делхи, го претворил и паркингот во место за кремирање, за да може да се справи со големиот број починати. Креаториумите во повеќето градови работат деноноќно.
„За време на првата фаза на коронавирус, просекот овде беше осум до 10 кремирања, само еден ден достигна 18. Но, денес ситуацијата е многу лоша. Синоќа кремиравме 78 тела. Четири пати е пострашно, овој коронавирус … Многу тела се наоколу, чекаат. Немаме место во крематориумот да ги кремираме. Многу лоши времиња, многу лоши времиња”,
велат во крематориум кој се наоѓа во североисточниот дел на Делхи, за Ројтерс.