Ѓоргиев во интервјуто на новите членови што ги најави Мицкоски им порачува да се држат што подалеку од партиите и од политиката
Драги Ѓоргиев седум години го води македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.
Исто толку години, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргиев и другите членови ги портретира како сервилни кон власта на СДСМ, но и кон бугарските барања. Деновиве лидерот на таа партија, Христијан Мицкоски, од позиција на премиер изјави дека тие не биле заштитници на националните интереси и најави нови лица на нивните позиции, пишува порталот „Призма“ во воведот на интервјуто со Ѓоргиев.
Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Работеше со подеми и падови, а често врз интензитетот на средбите влијаеја и политичките искричења на релација Скопје – Софија.
Досега усвоија препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.
Ѓоргиев, во разговор за БИРН, на новите членови што ги најави Мицкоски им порачува да се држат што подалеку од партиите и од политиката.
Целото интервју со копретседавачот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу С Македонија и Бугарија, академик Драги Ѓоргиев може да го прочитате на следниот ЛИНК.