Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Според УХМР, врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни над 20 л/м², особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец , над 60 км/час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со кратки сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 15 степени.