Кому прави притисок шефот на дипломатијата Никола Димитров со изјавата дека Македонија во јуни очекува политичка одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ?
Од една страна, пораката е упатена до земјите-членки на Унијата, кои треба да постигнат консензус за ова прашање, но од друга, изјавата може да се смета за пристисок и кон домашните актери, па и кон самата влада, зашто досега нема покрупни резултати од реформскиот процес.
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, не се согласува дека има доцнење, но мониторингот на невладиниот Институт за демократија открива дека една третина од активностите предвидени во планот 3-6-9 не се реализирани. А, требаше да бидат уште пред еден месец.
Напишете коментар