На 9 јули истекува рокот на за пријавување на набљудувачи на предвремените парламентарни избори на 15 јули, a барања за акредитирање домашни и странски набљудувачи до ДИК пристигнуваат секојдневно.
ДИК досега акредитирала набљудувачи од Амбасадата на Унгарија (10), Асошиејтед Прес (2), од Здружението за Национален Ромски Центар (38), од Амбасадата на Австрија (3), од Ал Џезира (1) , од Амбасадата на Швајцарија (3) и од Здружението Анкциоз 2017 година (796) набљудувачи.
До денеска беа акредитирани 1 183 домашни набљудували, од кои МОСТ има 905 и Цивил 278.
Вкупната бројка на меѓународните набудувачи е 110, меѓу кои има и од Канадската амбасада во Белград, од ОБСЕ/ОДИХР, и амбасадите на Франција, Албанија, Холандија и на САД.
ДИК утре ќе организира симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки на едно избирачко место при што ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови.
„Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странските набљудувачи“,
најави Борис Кондарко, член на ДИК.
На настанот ќе бидат поканет медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, посебно мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Ќе бидат поканети и учесниците на изборите односно политичките партии.