Од Министерството за здравство информираат дека млад пациент добил срце, а бубрезите се трансплантирани кај двајца пациенти на дијализа…
Mлад пациент добил срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите, откако дно семејството вчера одлучило да ги донира органите од свој близок кај кој била потврдена мозочна смрт.
Како што соопштија од Министерството за здравство, по направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта почнлаа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, прво на срцето, а утрово и на бубрезите.
Уште неколку пациенти, како што велат од МЗ, во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.
„Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас ни донесе утро полно надеж За тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат“
се посочува во соопштението од Министерство за здравтсво.