Илон Маск, новиот шеф на Твитер, објави дека ќе го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, забранет од социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година.
„Народот го кажа својот збор. Трамп ќе биде вратен“,
напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата објавена меѓу неговите следачи, кои со големо мнозинство гласаа за враќање на републиканскиот политичар на Твитер.

Нешто повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата, а 51,8 отсто гласаа за негово враќање и 48,2 отсто против.
По објавата на Маск дека „народот го кажа својот збор“, на оваа социјална мрежа повторно се појави профилот на Трамп и на него се достапни стари објави на поранешниот американски претседател.
ФОТО: EPA-EFE/Carina Johansen NORWAY OUT