За ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието
На Централниот одбор на партијата ДОМ донесена е одлука партијата да влезе во преговори со СДСМ за заеднички настап на парламентарните избори, кажа претседателката Маја Морачанин во гостување на ТВ Сител вечерва.
„Извршниот одбор формираше тим за преговори, така што очекувам дека после празниците ќе разговараме со СДСМ, па ќе видиме што ќе биде исходот од тие преговори“,
рече Морачанин.
На прашањето – зошто ДОМ е сè уште во владината коалиција, иако не се исполнети сите нивни барања, Морачанин вели дека не се откажале од уставните измени, од една изборна единица и од владеење на правото.
„Европските интеграции се приоритет за ДОМ. Ние сме отсекогаш проевропска партија и тоа ни е еден од главните приоритети, сакаме Македонија да стане членка на Европската Унија и за нас не е важно само полноправното членство, туку самиот евроинтеграциски процес, бидејќи тоа е основната движечка сила за реформите во државата. Тоа е суштинско за нас и затоа инсистираме на што побрзо продолжување на овој евроинтеграциски процес, бидејќи закочувањето на тој процес ќе води и кон закочување на реформите. Апсолутно ќе се согласам за корупцијата дека е огромен проблем во државата и тоа мора да биде врвен приоритет, инсистираме на тоа да се направи ветинг“,
вели Морачанин.
За ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието.