Во тек е проверка на училиштата од страна на припадниците на антитероростичките екипи на Министерството за внатрешни работи
Неколку училишта во Белград утринава добиле дојави за поставени експлозивни направи, пренесува српскиот портал Н1 повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи.
Во тек е проверка на училиштата од страна на припадниците на антитероростичките екипи на Министерството за внатрешни работи.
Според досегашните информации на Н1, пријавите дошле до ОУ „Коста Абрашевиќ“ во Ресник и ОУ „Јован Миодраговиќ“ на Врачар, ОУ „Исидора Секулиќ“ во Савски венец и ОУ „Лаза Костиќ“ во Нов Белград.
Исто така, и во општина Обреновац утрово во 5:15 часот на електронските адреси на неколку основни училишта биле испратени анонимни пријави за поставени експлозивни направи.
Родителите на децата кои утрово посетуваат настава беа пречекани со порака да не ги носат децата на настава бидејќи има закана со бомба. По полициската проверка родителите и учениците ќе бидат информирани за нормализирање на наставата.