Дојавата за бомба во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје била лажна. Од МВР за „360 степени“ велат дека сега истражуваат кое е лицето што лажно пријавило.
Информацијата до полицијата пристигнала денеска во 12:10 часот, по што единицата за антитероризам веднаш го евакуираше и детално го пребара цел трговски центар, но бомба не најде. Неколку часа беше забранет влез во објектот, а стопиран беше и сообраќајот на околните улици.