Дојави за бомби денеска има и на Меѓународниот аеродром „Скопје“, трговскиот центар „Ист гејт“ и ФФМ.
Нова серија дојави за бомби утрово е испратена до повеќе места во Скопје, меѓу кои и хотелот „Александар палас“ каде што во 10 часот требаше да започне годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија.
По дојавата конференцијата се откажа, а на неа беше предвидено да се појави и премиерот Димитар Ковачевски кој требаше да има воведно обраќање.
Покрај премиерот, на настанот беше најавено присуство и на министрите за економија и финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, кои, пак, требаше да говорат на панел-сесија.
Покрај „Александар палас“, дојави за бомби денеска има и на Меѓународниот аеродром „Скопје“ поради што привремено се откажани сите летови, трговскиот центар „Ист гејт“ и ФФМ.