Тој нагласи дека проектите на Бук Бијела, аеродромот во Требиње и гасификацијата, кои можеше да бидат завршени одамна, се стопирани без никаква законска и уставна основа и стојат веќе седум години
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република Српска нема да поддржува проекти во Федерацијата БиХ се додека не се деблокираат проектите на РС кои се стопирани без, како што тврди Додик, никаква правна и уставна основа.
„Република Српска ќе блокира додека не се деблокираат проектите на РС, други нема да поминат, тоа се знае“,
рече Додик.
Според неговите зборови, пренесени од „Кликс“, институциите на БиХ треба да им служат на целите на двата ентитета.
„Република Српска досега нема блокирано ниту еден проект во Федерацијата, што на РС упорно ѝ се прави од ниво на БиХ. Оваа практика повеќе нема да се толерира, имајќи предвид дека со години се блокирани важни проекти во РС“,
истакна тој.
Тој нагласи дека проектите на Бук Бијела, аеродромот во Требиње и гасификацијата, кои можеше да бидат завршени одамна, се стопирани без никаква законска и уставна основа и стојат веќе седум години.
„Седум години е во мирување во различни структури, а јас ги искористив сите мои седници на Претседателството минатата година за да ги ставам на дневен ред гасот и преминот под Дрина. Тие не сакаат да објаснат зошто нема да го направат тоа“,
рече Додик.
Тој рече дека ако блокадите продолжат, ќе ја блокираат и РС.
„Ако не дадете, ќе дојде време кога нема ни да ве молиме. Не мешајте се во внатрешните работи на РС“,
посочи Додик.
На крајот, тој заклучи дека претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, нема да толерира такви каприци.