Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина велу дека му е благодарен на хрватски колега Комшиќ што го изнел прашањето за признавање на независноста на Косово, затоа што така ќе има и официјална одлука за негово непризнавање од страна на Б и Х
Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик,денеска изјави дека му е благодарен на неговиот хрватски колега Жељко Комшиќ што го изнел прашањето за признавање на независноста на Косово. На тој начин, како што рече Додик, Б и Х ќе има официјална одлука да не го признава Косово.
„Комшиќ направи феноменална работа за нас. Ќе имаме одлука Б и Х да не го признае Косово и официјално и конечно“,
изјави Додик за порталот Српскаинфо.
Како што објасни, нема друг начин Б и Х официјално да заземе став за Косово, без некој да го покрене прашањето за признавање во Претседателството на Б и Х.
„Ќе беше глупаво јас да го сторам тоа, па да да гласам против“,
рече тој.
Додик додава дека сметал дека прашањето за преместување на амбасадата на Б и Х во Ерусалим е мала цена за големата корист што Б и Х може да ја добие од САД, на кои израелското прашање им е константа во надворешната политика.