По месеци протести, противниците на актуелната власт во Србија, на вчерашниот собир во Краљево, кој се одржа на верскиот и национален српски празник Видовден, повторно побараа предвремени избори
Како што наведува регионалниот сервис на РСЕ, на собирот доминаа и пораки во врска со Косово, чија независност Србија не ја признава
Додека антивладините демонстранти инсистираат на вонредни парламентарни избори, српскиот претседател, Александар Вучиќ на митингот на СНС во саботата (27 јуни), соопшти дека за неколку недели ќе се поднесе оставка, а како што најави, избори ќе се одржат наесен
Под слоганот „Сè се гледа на Видовден“ вчера во градот Краљево во Србија се одржа собир организиран од студентите во блокада, а клучната порака што беше испратена од митингот е – „доаѓа крајот на владеењето на СНС (Српска напредна партија), студентите победуваат, пренесоа тамошните медиуми.

Главната програма започна во 18 часот на централниот плоштад на „Српските воини“ во Краљево, а претходно во текот на денот имаше програма за деца, а од 14 часот на повеќе локации беа поставени штандови, пренесе Н1.
На собирот присустуваа голем број граѓани кои се против актуелната власт на СНС и претседателот на земјата Александар Вучиќ, а некои од од нив, како што објави регионалниот сервис на Радио слободна европа (РСЕ), пешачеле педесет километри на високи температури за да се приклучат на митингот, кој се одржа еден ден по оној организиран од СНС во центарот на Белград, на кој обраќање имаше претседателот на земјата Александар Вучиќ.
Собирот во Краљево е најновниот во низата протести што се органзираат на повик на студентското движење, кое започна во ноември 2024 година по трагедијата во Нови Сад, каде 16 лица загинаа при пад на настрешницата на Железничката станица.
По месеци протести, противниците на актуелната власт во Србија, вчера повторно побараа предвремени избори.
Сепак, како што наведува РСЕ, на собирот доминаа пораки во врска со Косово, чија независност Србија не ја признава. Во слична атмосфера се одржа и минатогодишниот собир, исто така, на повик на студетните во блокада, а кој се одржа во центарот на Белград. Инаку, собирот се одржа на Видовден (28 јуни), верски и национален празник во Србија, на која одбележува битката против османлиската војска на Косово од 14 век.
На ситуацијата на Косово, во своето обраќање се осврна Милена Петровиќ, професорка на Факулетот за природни науки и математика во Приштина, со привремено седиште во Северна Митровоца, која пред насобраните рече дека политичките центри на моќ во Белград и Приштина синхронизирано ги остваруваат своите интереси, не водејќи сметка за обичните луѓе кои живеат на Косово.
„Таквиот пристап не придонесува за меѓусебно почитување, ценење и прифаќање меѓу српското и албанското население, што е предуслов за траен мир на Косово“,
рече Петровиќ.
Лазар Стевановиќ, студент на Земјоделкиот факултет на Универзитетот во Белград, во своето обраќање кажа дека студентите не се непријатели на државата, но се третираат како такви во земја каде коруцијата и насилството станале секојдневие.
„Каде што корупцијата и насилството се секојдневние, најголема закана стануваат оние што бараат одговори“,
рече тој.
Адвоката и пратеничка во српскиот парламент, Јелена Павловиќ, од митингот порача дека студентите го претставуваат херојскиот континуитет и упорност на слободарскиот дух на својот народ. Таа наведе неколку афери, што како што кажа ја тресат Србија и кои докажуваат дека државата у мафијата станале како нокт и прст.
Додека антивладините демонстранти инсистираат на вонредни парламентарни избори, српскиот претседател, Александар Вучиќ на митингот на СНС во саботата (27 јуни), соопшти дека за неколку недели ќе се поднесе оставка.
Одговарајќи на барањата на студентите, Вучиќ изјави дека досега неколку пати биле распишувани парламентарни избори, а според неговите најави, новите вонредни избори ќе се одржат на есен оваа година.
