Времето утрово ќе биде студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролшки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 18 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Од УХМР велат дека во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Утре ќе дува повремено засилен јужен, во западните делови западен ветер кој ќе засилува, а потоа до четврток ветерот повремено преку денот ќе засилува и ќе е северен. Во среда ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотраен дожд.