Ова следува откако на досегашната министерка Славјанка Петровска официјално ѝ заврши функцијата откако на 28 мај беше верификуван нејзиниот пратенички мандат
До изборот на нов министер, заменик-министерот за одбрана Тирој Јајага од денеска ќе раководи со Одбрана.

Ова следува откако на досегашната министерка Славјанка Петровска официјално ѝ заврши функцијата откако на 28 мај беше верификуван нејзиниот пратенички мандат.
Тирон Јајага е кадар на Алијанса за Албанците.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, потсети дека по верификација на мандатите, именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции поради неспоивост на функциите.