Изминатите денови бројката на нови приеми е константна и се движи во просек по триесетина во 24 часа
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 636 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти или вкупно 261 лица во моментов се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симптоми на корона вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 75, а на Клиниката за инфективни болести 91 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК има една хоспитализирана ковид-позитивна пациентка.
Од Министерството за здравство истакнуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.