Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, што е околу 42 отсто од вкупно 608 колку што се наоѓаат на болничко лекување во цела држава
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, што околу 42 отсто од вкупно 608 колку што се наоѓаат на болничко лекување во цела држава, соопшти Министерството за здравство.
Најмногу приеми има во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника – по 10, додека осум се на интерните клиники и 5 пациенти во Козле.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.
Најмногу хоспитализирани има на Инфективната клиника (91), потоа во „8 Септември“ (78), на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 26, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти и на ГАК е хоспитализирана една пациентка.
Од Министерството за здравство потенцираат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
