Судот во Хаг го осуди ваквиот потег како напад врз владеењето на правото и врз самите темели на меѓународниот правен поредок и ги повика своите 125 земји членки да преземат мерки за негова одбрана
Администрацијата на американскиот претседал Доналд Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд во Хаг, само неколку часа откако поранешната судијка во МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир.

Судот во Хаг го осуди ваквиот потег како напад врз владеењето на правото и врз самите темели на меѓународниот правен поредок и ги повика своите 125 земји членки да преземат мерки за негова одбрана.
„Судот не може да опстане сам. Неговата судбина сега е во рацете на државите што го создадоа. Не станува збор за одбрана на една институција, туку за зачувување на меѓународниот поредок заснован на владеењето на правото“,
се наведува во соопштението на Меѓународниот кривичен суд.
Администрацијата на Трамп долго време се спротивставува на работата на Меѓународниот кривичен суд, основан во 2002 година за гонење на воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.
„Претседателот Трамп никогаш нема да дозволи Меѓународниот кривичен суд да им суди на Американци. Затоа, денес, САД воведуваат санкции против МКС. Ќе ги забраниме трансакциите со Судот кој дејствува спротивно на меѓународните норми, ќе му го прекинеме пристапот до ресурсите и ќе му ја оневозможиме можноста за работа“,
изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Рубио изјави дека санкциите се структурирани така што на Судот и на земјите членки им дава можност да одговорат на загриженоста на САД за одредени случаи.
Администрацијата на Трамп константно го осудува Меѓународниот кривичен суд поради издавањето налози за апсење израелски функционери, вклучително и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и за истрагата за постапките на американските војници во Авганистан – случај што подоцна беше затворен. Трамп воведе санкции против Судот во Хаг и во текот на својот прв мандат, а тие потоа беа укинати од администрацијата на Џо Бајден.
