Антикорупциската комисија отвори предмет за новоизбраната претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска. Како што соопштија од ДКСК, побарале таа да достави дополнителни податоци за членовите на нејзиното семејство.
„Мора најпрво да се обратиме до претседателката да ни каже кои се членови на нејзиното семејство за сите тие да можат да бидат опфатени. Во анкетниот лист што таа го има доставено, нема матичен број на нејзиниот сопруг. Сега мора да чекаме матични броеви, тие броеви да се потврдат од МВР и понатаму да си одат постапките по ред“,
објасни Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го оспори изборот на Црвенковска како некомпетентна поради партиска поврзаност со СДСМ, а побара и нејзина оставка, како и истрага од Јавното обвинителство за вмешаност на сопругот на Црвенковска во малверзации со кредити во Еуростандард банка.